Најстариот син на Бекам, Бруклин, повторно е во врска со актерката Клои Грејс Моретц, но овојпат се чини дека работите се далеку посериозни – за првпат заедно се појавија на црвениот тепих.
Младиот пар се гушкаше пред фотоапаратите на премиерата на филмот „Neighbors 2: Sorority Rising“ во Лос Анџелес.
Размена на погледи, многу прегратки и насмевки, младиот пар очигледно повторно ужива во заедничките моменти.