Бура над бурите: Овој настан ќе гасне сателити, ќе брише меморија од компјутерите, ќе руши авиони!

popara12 април, 20161min00
15

Научниците се подготвуваат за соларна бура која би можела да доведе до повеќегодишен прекин на комуникациите и животот на Земјата да го изложи на сериозна опасност.

Многу луѓе и натаму не се свесни за опасноста која и се заканува на нашата планета од геомагнетна бура која од Сонцето доаѓа на Земјата, а која би можела да нанесе голема штета.

Сепак, за оваа опасност се изјасниле НАСА и американското министерство за безбедност, додека научниците предупредуваат посериозен пристап кон оваа тема.

Временските услови во вселената и порано правеле проблеми, што доведувало до повремени пречки во функционирањето на техничките уреди. Сепак, ниту една досегашна опасност не била толку драматична како Карингтонскиот настан од 1859 година, кога дошло до најголемата позната бура, каква што денес би ја збришала целата комуникациска технологија на глобално ниво.

Доколку се случи нешто слично денес, на Земјата ќе престанат да работат комуникациски сателити, ќе се расипат GPS уредите, а авионите нема да може да летаат. Покрај тоа, можно е овој феномен да доведе до губење на меморијата во компјутерите.

Последиците од ова може да траат со месеци или дури со години, бидејќи на властите ќе им биде потребно време за обнова на инфраструктурата на која се потпира модерниот свет. Осигурителна компанија “Лојд” проценува дека штетата би можела да биде помеѓу 600 милијарди и 2,6 илјади милијарди долари.