Цеца проговори за љубовта: Не можев да го заштитам Александар

popara5 јули, 20161min00
Цеца проговори за љубовта: Не можев да го заштитам Александар

Српската турбофолерка, Светлана Цеца Ражњатовиќ отворено проговори за љубовта како и за својата наводна врска со манекенот Александар Јововиќ.

Пејачката која беше гостинка во Ami G шоуто зборуваше за својот љубовен живот како и за папараците кои постојано и прават некаков проблем.

-Во време кога немаме сензационалистички наслови, потполно е природно тоа да одекне. Јас не сум од оние кои одвај чекаат да се појават во медиумите. Тие го исекоа другиот манекен од фотографијата и направија приказна за мене и Александар. Јас ден, денес се гледам со Александар и се дружам со него, вели Цеца.

-Папараците го вознемируваа Александар во 7 часот наутро, а јас не можев да го заштитам, ниту него, ниту неговото семејство, додаде таа.

Цеца овој пат призна дека откако почина Аркан, неколку пати била во врска, но тоа е нешто што сака да го зачува само за себе.

-Јас сум вдовица, никогаш не сум започнувала заеднички живот, но тоа не значи дека не сум започнувала врски. Само што јас не сакам другите луѓе да се занимаваат со тоа. Не сакам тоа да го споделувам со нацијата, со нацијата ги споделувам само песните. Имав неколку врски. Некои таеја подолго, некои пократко. Јас не можам да седам 24 часа заклучена кога имам врска, сакам да одам и да шетам, но тоа е моја приватност.

Запрашана какви мажи ја привлекуваат, пејачката призна дека паѓа на згодни фаци.

-Ме привлекуваат убави мажи. Бојата на косата не ми е важна, но мора да има преубави стомачни, раце, очи…Цела се предавам кога сум во врска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag