Цеца засекогаш се откажа од “Пинковите Ѕвезди”: Познатата пејачка ќе ја заменува и понатаму!

popara9 март, 20161min00
2

Цеца неодамна одби да учествува во жирито на третата сезона “Пинкови Ѕвезди”, па менаџерите на ТВ Пинк одлучија веднаш да и најдат соодветна замена.
Нивниот прв избор бил Сека Алексиќ, која во моментов е најголемата ѕвезда на Пинковата издавачка куќа “Сити рекордс”.
– Штом дознаа дека Цеца повеќе дефинитивно нема да биде член на жирито, ја повикаа Сека да ја замени. На Сека навистина и се допадна идејата, бидејќи таквиот начин на медиумска изложеност на многу пејачи им овозможи поголема популарност. Меѓутоа, кога таа дознала дека е бремена, Алексиќ му објаснила на Митровиќ дека таа ќе мора да се повлече во одреден момент – пишуваат белградските медиуми.