Body paint e атрактивна уметност, чија популарност се шири многу брзо. Најинтересна е за организаторите на разни забави, а оние кои го сликаат телото тврдат дека луѓето еден ден ќе одат слободно, без облека, благодарение на нивните бои.
Пашур Хаус се занимава со сликање на тела, а овој пат отишол чекор подалеку. Направил експеримент кој имал за цел да покаже дека ретко кој може да ја забележи разликата помеѓу вистинска облека и добро насликано голо тело.
За експериментот ја избрал волонтерката Џули.