Не наседнувајте повеќе! Прочитајте ја вистината која се крие зад вообичаените митови за убавината.
Ако не пиете тон вода дневно кожата ќе ви се обеси и ќе изгледа суво
Да, ви треба вода за енергија и за добра работа на органите, но не треба да се грижите дека ако прескокнете некоја чаша вода тоа ќе влијае на вашиот изглед. „Ниту една количина вода нема да ја направи вашата кожа блескава“, вели дерматологот Дејвид Бенк. „Само нанесувањето на хидратантна крема е најважно за хидратизирана и блескава кожа.“
Спиењето со шминка ќе ви ја оштети кожата
Ако повремено заспиете со шминка на лицето, тоа нема да ви создаде големи проблеми, вели др.Бенк. Но со оглед на тоа што дури 48 отсто од жените велат дека е тоа нивниот најголем грев кога станува збор за убавината, не би било лошо покрај креветот да се чуваат марамчиња за чистење на лицето. „Ако ништо друго“, вели дерматологот Ерик Берковиќ, „свртете ја перницата од другата страна за нечистотиите од вашето лице да не завршат повторно на вашето лице“.
Мрсната храна предизвикува појава на акни
Мрсната храна нема да предизвика акни освен ако не заврши на вашето лице, вели дерматологот Марни Нусбаум. Новите виновници се – млекото и рафинираните јагленохидрати. Истражувањата сугерираат дека таа храна го зголемува излачувањето на хормоните што предизвикува производство на маснотии и затнување на порите. Размислете за тоа да го намалите нивното внесување.
Повеќе производи е подобро
Старата школа вели: На сува кожа треба да се стави многу хидратантна крема или често да се мие мрсното лице со средство против акни. Но не само што кожата нема да може да впие премногу производи, туку пречестото миење само го засилува производството на маснотии.