Кога си Бијонсе веројатно нема многу работи во светот кои ти се прескапи. Веројатно и затоа нема да бидете изненадени, туку само малку љубоморни која ќе ги видите чевлите на кои неодамна пејачката потроши мало богатство.
Потпетиците наречени „Соѕвездието на принцезата“ или “The Princess Constellation“, креација на The House of Borgezie имаат 1290 дијаманти и 18 каратно бело злато, односно платина. Бијонсе е втората личност која купува пар вакви потпетици, и која ќе има привилегија да ужива во доживотната гаранција која доаѓа со нив.
Крис Шелис, сопственикот на брендот ги објаснува чевлите како кралска круна меѓу потпетиците: „Од време на време во животот на дизајнерот или уметникот доаѓа момент кога сфаќаш дека делото кое стои пред тебе е најдоброто нешто што си го создал. Мислам дека ова е токму таков момент. Како секоја кралска круна, “The Princess Constellation“ ќе бидат тука и по илјада години.“
Бијонсе освен што се почести со пар навистина посебни чевли, таа потроши уште 55,000 илјади фунти на златен колан, кој ќе и прилега одлично со потпетиците.
Гласините велат дека чевлите и коланот се дел од подготовките на новото видео.