Цитати од Мерилин Монро по кои ја памтиме

popara5 октомври, 20161min00
3

На 1 Јуни 1926 Гладис Прл Монро родила девојче на кое му го дала името Норма Џин. Монро, не спремна да се грижи за нејзината ќерка, ја дала за посвојување непосредно по раѓањето.

Години поминале, а Норма Џин претрпела безбројни трауми во дом за деца без родители и со нејзините законски старатели пред да се отпише од училиште за да стапи во брак кој најверојатно бил договорен.

Наскоро по тоа, Норма Џин почнала да глуми во филмови и станала еден од најголемите светски секс симболи: Мерилин Монро.

Во текот на нејзините кратки 36 години живот, Мерилин Монро ја посакувал целиот свет, вклучувајќи и мажи како Артур Милер и Џо Димаџио. Но, под фотогеничната насмевка и платинаста руса коса се криела Норма Џин, која се борела со зависност од дрога, депресија и лошо физичко здравје.

Иако на крај, во 1962, темнина го обви животот на русата секс бомба, нејзината слика, зборови и хумор остануваат. Овие неверојатни цитати на Мерилин Монро се доказот за тоа.

  1. „Најстрашното нешто што им се случува на луѓето кога ќе се дотераат и ќе излезат на забава е тоа што го оставаат вистинското себе дома. Тие се како луѓе на сцена што глумат некој друг. Глумат дека се важни и сакаат да ја запознаете нивната важност, не нив самите.“
  2. „Никој никогаш не ми кажал дека сум убава додека бев мала. На сите мали девојчиња треба да им се каже дека се убави, дури и да не се.“
  3. „Правиот љубовник е маж кој може да ве возбуди само со допирање на вашата глава или да ви се насмевне во очи – или само со поглед во празниот простор.“
  4. „Убавината и женственоста се безвременски и тие неможе да се создадат со вештина, а гламурот, иако ова нема да им се допадне на производителите, неможе да се произведе. Вистинскиот гламур се базира на женственост.“
  5. „Порано, како што гледав на ноќта во Холивуд си мислев ‘мора да постојат илјадници девојки кои седат сами како мене и сонуваат да станат филмски ѕвезди’. Но, нема да се грижам за нив. Јас сонувам најсилно.“
  6. „Славата ќе помине и збогум, те имав, славо. Ако поминува, отсекогаш сум знаела дека таа е непостојана. Па така, таа е барем нешто што го искусувам, но не е местото каде живеам.“
  7. „Сите ние треба да почнеме да живееме пред да остареме многу.“
  8. „Не ми пречи да живеам во машки свет сé додека можам да бидам жена во него.“
  9. „Дајте и ги на жената правите чевли и таа може да го освои светот.“
  10. „Сонувањето да се биде актерка е повозбудливо отколку да се биде тоа.“
  11. „Несовршеноста е убавина, лудоста е генијалност и подобро е да се биде апсолутно смешен отколку апсолутно досаден.“
  12. „Да се биде секс симбол е тежок товар за носење, посебно кога човек е уморен, повреден и излуден.“
  13. „Јас сум себична, нестрплива и малку несигурна во себе. Јас правам грешки, изглегувам надвор од контрола и на моменти сум тешка за справување. Но, ако неможете да ме издржите на моето најлошо, тогаш сигурно не ме заслужувате на моето најдобро.“
  14. „Холивуд е место каде ќе ви платат илјада долари за бакнеж и педесет центи за вашата душа.“
  15. „Што добро ми прави тоа што сум Мерилин Монро? Зошто неможам да бидам само обична жена?“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag