Вечното прашање на кое жените се обидуваат да пронајдат одговор е дали лебот дебелее.
Жените во Австралија избрале да веруваат во овој мит за конзумирањето на лебот во секојдневната исхрана.
Новото истражување покажало дека 43 отсто од жените избегнуваат да јадат леб кога сакаат да ослабат, додека 20 отсто чувствуваат вина кога го јадат.
Националната студија која е спроведена на 1.000 жени меѓу 25 и 65 години има за цел да го побие овој мит и да ги промени ставовите кон лебот.
Со истражување е утврдено дека третина од жените бараат поздрава алтернатива за лебот, додека 65 отсто сметаат дека здравите замени за лебот треба да бидат попристапни.
Покрај тоа, и родителите на своите деца им го ограничуваат внесот на леб за да не се здебелат.
– Вистинскиот избор на леб може да донесе бројни здравствени погодности, вклучувајќи дигестивно здравје, повеќе енергија и поздраво срце и тело, вели Шерон Натоли, нутриционист.
Таа додала дека нема докази дека лебот допринесува за дебелеење.
– Луѓето не се свесни за значајната предност на интегралниот леб, како што се влакна, витамин Б, магнезиум… рекла Шерон.
Таа додала дека лебот е храна која здравствените власти ја препорачуваат како дел од здравата, избалансирана исхрана.