Дали некогаш сте се запрашале поради која причина изневеруваат жените, а поради која мажите?

popara7 март, 20161min00
5

Познатиот сексолог Трејси Кокс одлучила со јавноста да сподели интересни факти кои се однесуваат на неверството во машкиот и женскиот свет.

Дали се работи за исти, слични или можеби, сосема различни причини поради кои се одлучуваат на тој чекор? Одговорите на овие прашања одлучи да ни ги даде Трејси Кокс, најпознатата жена сексолог во светот.

Според нејзините зборови, причините поради кои и едните и другите изневеруваат, се промениле со тек на време. И додека жените некогаш изневерувале бидејќи престанале да ги сакаат своите момчиња и сопрузи, денес тоа го прават само поради чистата желба за нови сексуални искуства, најчесто додека сè уште се вљубени во своите партнери.

Исто така, ставот на жените за прељубата генерално е променет, па денес тие се осудуваат да прават некои работи на кои порано не смееле дури ниту да помислат. Како што напоменува Трејси, дамите чувствуваат извесна вина, но се трудат да ја ублажат кажувајќи си себеси дека се добри сопруги и мајки и дека аферата е нешто што ги развеселува, ги задоволува и ги прави живи.

Истовремено Кокс напоменува дека аферата не значи задолжително дека тоа е нешто лошо за бракот. Напротив, често може да помогне во подобрување на машко-женските односи, со оглед на тоа што после прељубата жените се чувствуваат посамоуверено и посреќно, па поради тоа подобро се однесуваат кон своите партнери.

Истражувањата покажуваат дека во денешно време дамите изневеруваат исто колку и мажите, со тоа што жените се многу помудри во прикривањето на своите траги од неверството. Иако изневеруваат со ист интензитет, потешко можете да ги откриете, па се чини дека сепак ги надминале мажите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag