Самодоверба, смелост, сексапил и урбана елеганција зрачат од фотографиите на Мајка Џианели. Блогерката со моќна појава импресионира со чувството за стил и со бестрашноста при експериментирањето со фризурите.
Потпирајќи се на своето искуство во областа на модниот дизајн, згодната девојка започна да го документира својот стил онлајн во 2011 година и досега има придобиено стотици илјади следбеници.