Веста дека деколтето замина во историјата, ги вознемири многу припадниците на посилниот пол. Магазинот „Вог“ наведува дека нема причини за грижа бидејќи другото што е во мода – е подеднакво сексипилно.
„Готово е со длабокото деколте”, тврди „модната Библија”.Тие наведуваат дека сега акцентот е на рамениците, стомакот и нозете. Посебно на нозете.
Тоа го покажаа и дамите на црвениот тепих. Па така, овие денови и манекенката Петра Немцова, но и глумицата Џена Дувон го прошетаа длабокиот израз на своите фустани и на тој начин ги ставија нозете во прв план.
Што велите вие, деколте, или нозе?