Девојка открила неверојатна тајна после неколку месеци врска со странец

popara7 март, 20161min00
6

Јас на 23 години завршив факултет за англиски јазик и брзо најдов работа во една меѓународна агенција во Сараево.

Работев неколку месеци, а потоа дојде нов службеник во нашата мисија ( именто на агенцијата за која работев не можам да го откријам затоа што потпишав договор), инаку инспектор од Америка.

Работата во оваа агенција ми беше прв контакт со луѓето од црната раса. И Дон беше црнец, претходно споменатиот службеник.

Добив задача со него да работам на терен, да посетуваме полициски станици низ цела Босна и Херцеговина.

Дон беше фантастичен, беше убав и убаво граден. Тој имаше добар карактер, знаеше и да се пошегува, но во работата беше озбилен и професионален. Кога влегуваше во полициска станица како службеник на меѓународната заедница сите се тресеа.

Почнавме да се дружиме. Неколку пати излегоме на пијалок после работното време. Малку ми беше непријатно како не гледаат луѓето, но со него ми беше многу убаво.

После долго дружење, Дон ме покани кај него дома после работа да гледаме филм, беше петок, добро се сеќавам.

Живееше во зградите каде беа сместени сите фактори на меѓународната заедница. Влезот од зградата се отвараше со картичка, што во тоа време беше научна фантастика за нас.

Бев фасцинирана. Седевме и гледавме филм, пиевме вино, а потоа почнавме да се галиме и да водиме љубов.

Дон беше неверојатен, момче која секоја девојка би го посакала. Во секоја секунда мината со него уживав.

Нашата врска траеше со месеци, во јули ме однесе и на одмор, уживавме на Јадранското Море.

Откако се вративме, ме покани во хотел каде преноќивме, а потоа започна неверојатното сценарио.

Утрото кога се разбудив пронајдов 5000 марки во плик и проштално писмо. Во писмото напишал дека неговата мисија во Босна е завршена и дека се враќа за Америка, напишал дека сум убава и бла бла… Да скратам напишал дека веројатно никогаш нема да се видиме.

Тој си замина, а јас се чувствував грозно. Да ми извините како ку*ва, поради парите кои ми ги оставил, иако имаше напишано дека тие се за поклонот кој сакал да ми го купи.

Вистинскиот шок следуваше откако запознав еден Американец кој со Дон бил во иста мисија во Косово. Тој ми кажа дека Дон во Америка има жена и три деца и дека по меѓународните мисии работи за да заработи екстра пари.

Тогаш немаше Фејсбук, сега има, што мислите дали се расплакав кога го пронајдов на друштвената мрежа во 2008 година?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag