18 – годишната Ариел Винтер ја обоила својата долга, темно кафеава коса во црвена и тоа за улогата во филмот „Dos Years” во кој ќе глуми проблематична млада „рокерка“.
Винтер на социјалните мрежи на своите фанови им дава увид во тоа како изгледа за време, но и по снимањето.
Најголемо воодушевување Ариел предизвика со фотографијата на која носи тесна, бела деколтирана маица која ги истакнува нејзините бујни гради. Освен тоа, облекла и минијатурни куси пантолони и „каубојски“ чизми и изјавила дека „можеби ќе јава коњ“.
Ариел веќе ја споредуваат со нејзината колешка од хумористичната серија, „раскошната“ Софија Вергара (43), која на жал на нејзините фанови престана да објавува провокативни фотографии откако се омажи за Џо Манганиело (39).
Ариел призна дека морала да направи операција за намалување на градите поради болки во грбот.