Доаѓа судниот ден?! Тие тврдат дека се обвистинува пророштвото и дека имаат снимка како доказ!

popara26 април, 20161min00
Доаѓа судниот ден?! Тие тврдат дека се обвистинува пророштвото и дека имаат снимка како доказ!

Добар дел од оние кои веруваат во теории на заговори ширум светот, сметаат дека на Земјата и` се заканува судир со мистериозната планета Нибиру. После ова многу од нив веруваат дека сега постои и доказ за тоа.

Имено, откако една жена на интернет поставила видео на кое наводно се гледа фамозната планета Х, теоритичарите на заговори сметаат дека имаат доказ за катаклизмата што следи.

Мелиса Хофман наводно ја снимила мистериозната планета.

Во коментарите на интернет некои корисници тврдат дека „тоа сигурно е Нибиру“, а други потсетуваат на пророштвото старо 13.000 години според кое објектот кој ќе ја уништи Земјата ќе биде видлив на небото, а човештвото ќе има 40 дена да се подготви.

Сепак, оние порационалните велат дека необичната снимка не е последица на ништо друго туку на начинот на кој светлината влегувала во објективот на камерата.