Воздухот во Рио де Жанеиро, по се изгледа, е посебен. Откако пред една недела првпат на Олимписките игри се случи запросување меѓу спортистите, сега оваа идеја се шири во Олимпиското село.
Овој пат, наместо Бразилците, вниманието го привлекоа Кинезите, и тоа скокачи во вода. Кинеската спортистка, која освои сребрен медеал за скок од три метри, Хе Зи, веднаш по доделувањето на медалот ја „нападна“ нејзиниот колега од репрезентацијата Кин Каи кога и клекна со прстен пред неа, па додека таа стоеше на подиумот, тој ја запроси пред сите моменти откако ѝ беше врачен сребрениот медал.
И гледачите и самиот свршеник прилично долго чекале на одговорот на шокираната олимпијка. Сребро, па и прстен за само неколку минути…