
Гостинка на ресторан во САД пронашла редок виолетов додека јадела предјадење од школки и други морски плодови.

Линзи Хаз вечерала со својот сопруг Крис во италијанскиот ресторан „Монталчино“ во Исакуаха, кога одеднаш загризала нешто тврдо. Хаз не била сигурна за каков предмет се работи, па го ставила во џеб и го понела дома.
Откако се обратила кај стручњак, утврдено било дека се работи за редок виолетов бисер вреден повеќе од 600 долари. Се работи за еден од најретките бисери кој може да се пронајде во една од милион школки.
Линдзи рекла дека од бисерот планира да направи ѓердан.