Домашен багет кој не се меси

popara15 јануари, 20161min00
13

Испечете крцкав леб кој не се меси туку само треба да го измешате со лажица.

Состојки:

  • 375 грама брашно
  • 1 лажица сол
  • 300 милилитри вода
  • 1 пакетче квасец во прав

Подготовка:

Брашното просејте го во садот во кој ќе го ставите и измешајте го со лажицата сол.

Во топла вода измешајте го квасецот постепено со лажица и сипете го во брашното.

Сето тоа, мешајте го се додека состојките не се поврзат. Садот покријте го со чиста крпа или пластична фолија и оставете го на топло место час и половина за тестото двојно да се зголеми.

Потоа тестото извадете го на набрашнета површина и поделете го на два дела. Ако ви се лепи, рацете убаво посипете ги со брашно.

Од секое парче тесто обликувајте долгнавеста форма и ставете ја на плех обложен со хартија за печење.

Со остар нож или ножици секој багет засечете го неколку пати дијагонално.

Оставете ги багетите така да нараснат додека ја загревате рерната на 240 степени. Плехот за печење ставете го на средина на рерната, додека на дното на рерната ставете сад со отприлика пола литар вода.

Багетите премачкајте ги или попрскајте ги со водата и печете ги 25 минути.

По печењето оставете ги да се изладат малку и потоа уживајте во свежиот крцкав леб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag