Ако сакате да имате убави и меки усни, можете да се погрижите за нив со овој овошен сјај за усни кој можете да си го направите сами.
Потребни намириници:
4-5 свежи малини
1 супена лажица бадемово масло
2 супени лажици мед
Една капка витамин Е
Начин на подготовка:
Исцедете ги малините и потоа измашајте ги сите компоненти во метален сад и загрејте ги на пареа. Кога ќе се добие изедначена хомогена смеса, тргнете го садот од оган и оставете да се олади. Исипете го сјајот во соодветна амбалажа (можете да користите и од стар сјај), и оставете да стои една ноќ во фрижидер.