Со сезоната на греење и студените денови започнуваат проблеми на многу дами со кожа што е подложна на сушење и црвенило. При тоа, на удар не е само кожата, туку и косата, на која и е исто така неопходна заштита. Некои маски за нега на сува кожа и коса можете да ги направите сами, дома, од скоро исти состојки што сигурно ги имате во својата кујна.
Суво лице
Лажичка свежо кравјо сирење помешајте со две лажички мед, нанесете го на лице и оставете да делува 10 до 20 минути. Потоа измијте се со млака вода и нанесете хидратантна крема.
Испукани краеви
Измешајте лажички мед, жолчка и лажичка маслиново масло и нанесете на коса. Покријте ја косата со алуминиумска фолија или пластична кеса и оставете да делува пола час, потоа измијте ја косата на вообичаен начин.