Новата прва дама на САД, Меланија Трамп иако изгледа преубаво и е сон за сечиј маж, неколку американски таблоиди објави информација информација дека Доналд Трамп сопругата ја изневерувал со манекенка на „Плејбој“ – пишува Блиц.РС.
Ваквата информација се појави неколку дена пред изборите во Америка, во медиумите се појави информација дека Трамп имал афера со Карен Мекдугал, поранешна зајачица на „Плејбој“, и тоа само неколку месеци откако во 2005 година се оженил со Меланија.
Некои пишуваа дека Карен летово била подготвена да го разоткрие Трамп и јавно да проговори за нивната врска, но таблоиодт „Нешенел енквајер“, кој отворено го поддржувал републиканскиот кандидат, ѝ платил за да молчи.
Всушност, „Нешенел енквајер“ претходно ѝ платил 150.000 долари за нејзината сторија за аферата со Трамп, но никогаш не ја објавил приказната.
Портпаролката на Трамп ги демантирала овие наводи, но тоа не ги спречило многумина да поверуваат во оваа приказна.
Карен била воспитувачка пред да ја започне манекенската кариера. Во 2008 била зајачица на годината на „Плејбој“, а денес е инструктурка по фитнес.
Аферата со Трамп наводно започнала во 2006. година и траела 10 месеци, а во текот на тој период тој често ја водел на бројни јавни настани, вклучувајќи го и изборот за Мис универзум.