
Pantone ја откри бојата што ќе биде актуелна во 2017 година, станува збор за светло зелената боја, инспирирана од природата.
Од Pantone бојата ја опишуваат како остра, пикантна жолто-зелена боја, што може да ја видиме на листовите.

„Оваа боја е нашата поврзаност со природата, таа ни порачува да се регенерираме, освежиме, обновиме. Секоја пролет влегуваме во нов циклус, а новите стебла доаѓаат од земјата. Тоа е нешто што го потврдува животот и на што се радуваме“, вели Летрис Ајзман, директорка на институтот за бои Pantone.
