Џенифер Анистон прогласена за најубавата жена на светот за 2016

popara13 мај, 20161min00
9

People ја прогласи Џенифер Анистон за најубавата жена на светот за 2016 година. Списанието го откри својот избор вчера, придружен со насловната страница која ја краси насмеаната актерка.

post cover photo

47-годишната актерка, која е позната по својот природен режим за убавина и интензивна фитнес рутина, победи помеѓу силната конкуренција од Рис Витерспун, Софиа Вергара, Селена Гомез, Кери Андервуд, Кристина Милиан и други.

Зборувајќи за списанието, таа изјави: „Интересно е како доживеав брза транзиција – порано воопшто не се грижев за своето тело, а сега морам многу да внимавам на храната која ја внесувам. И како спијам и како се грижам за себеси. Можеш да се извлечеш со многу работи во своите дваесетти.“

Ова не е првата титула за поранешната ѕвезда на „Пријатели“. Првпат ја доби пред 12 години, кога имаше 35. Анистон, која е во брак со актерот Џастин Теру, успеа повторно да се искачи на врвот со водење поголема грижа за себеси низ годините.

Анистон – која има портфолио на хит филмови, покрај нејзината десетгодишна улога на Рејчел Грин во „Пријатели“ – смета дека нејзината победа се должи на нејзиниот стар агент, кој еднаш и рекол дека не можела да добие улога во ниеден филм затоа што била дебелка. „Си мислев дека не знае што зборува. Но мојата исхрана беше ужасна. Милкшејкови и помфрит со сос. Беше добро што започнав да посветувам повеќе внимание,“ додаде таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *