Популарната холивудска актерка Џенифер Анистон (47) е позната како дама која ретко експериментира со својот имиџ. Долги години наназад, таа е препознатлива по долгата, права и негувана коса и умерениот стил на облекување. Меѓутоа, за време на една нејзина неодамнешна прошетка со пријателите, папарацо-фотографите успеаја да ја „снимат“ првпат во јавност со очила за вид. Судејќи по коментарите на оние што ги имаат видено објавените фотографии, новите очила и’ стојат „слатко“.