Џенифер Анистон за прв пат зборува за семејниот живот со Џастин Теру

popara14 март, 20161min00
10

Џенифер Анистон за прв пат зборува за семејниот живот со Џастин Теру во новиот број на магазинот Harper’s Bazaar.e9316ccca1e03f255962c1538f4d7fc2

47-годишната холивудска ѕвезда тврди дека бракот ништо не променил во нивните животи. Таа вели за својот сопруг: “Семејниот живот е нормален и забавен, но не е многу различен од порано. Како да сме биле во брак долго време. ”

Анистон додава дека се заљубила во Џастин најмногу, бидејќи има уникатна смисла за хумор.

“Јас сум среќлијка, бидејќи тој е најчудниот и смешен маж, кого сум го сретнала некогаш и ние постојано се смееме заедно. А, смеењето е еден од главните клучеви за вечна младост! ”

За пробивот во жанрот “романтична комедија”, Џенифер вели: “Јас можам да правам и други работи. Само ја прифатив шансата што филмската индустрија ми ја даде. ”

Анистон коментира и тоа како го штити личниот живот личен во ерата на социјалните медиуми: “Ние со Џастин се трудиме да имаме некаква приватност, затоа намерно не сме многу активни на социјалните мрежи.”

Ѕвездата споделува и кои се актерите со кои би сакала да работи, а сè уште не успеала: “Имам голема желба да работам со Џулија Робертс, а исто така и со Ема Стоун. Умирам за нив двете!”


 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag