Иако и беше потребно време да ја преброди кризата после разводот со Бен Афлек, славната актерка Џенифер Гардер денес изгледа подобро од било кога.
Тоа можеше да се забележи и на премиерата на филмот „Miracle from Heaven”, во кој таа ја толкува главната улога, каде се појави на прикажувањето на филмот.
Џенифер се појави во тесен фустан со нагласено деколте и длабок шлиц на бутовите кој ја истакна нејзината витка линија, а елегантен детаљ беа и црните штикли и класичното сако.