Џенифер Лопез шармираше во розова елегантна креација од Ели Сааб

popara12 јуни, 20162min00
2

Џенифер Лопез им се придружи на своите колеги од серијата „Shades of Blue“ на настан организиран од Академијата на телевизиските уметности и науки во Лос Анџелес.

46-годишната пејачка, актерка и продуцентка успеа да го сврти вниманието на присутните кон себе облечена во розова елегантна креација од Ели Сааб. На црвениот тепих, Лопез заводливо позираше пред фоторепортерите, каде подоцна ѝ се придружи Реј Лиота и останатите колеги од серијата.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

На промотивниот настан, Лопез зборуваше за своите близначиња Макс и Ема и за снимањето на втората сезона од „Shades of Blue“, во кој таа глуми самохрана мајка и корумпирана полицајка. Пресреќна сум. Тоа беше толку тешко, но би го направила и повторно. Серијата е многу напната и бара многу енергија“ – изјави таа.

Запрашана за тоа како го поминува слободното време, Џеј Ло рекла дека тоа е наменето за нејзините деца. „Тие се многу големи, неверојатни и среќни. Посакувам да можев да имам уште многу деца. Посакувам. Не знам дали тоа уште постои како опција за мене, но тоа е нешто што го сакам“ – рече Џенифер.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Трејлерот за првата сезона од „Shades of Blue“