Веројатно жените ширум светот барем еднаш во животот додека гледале филм со Леонардо Дикаприо си помислиле: „Каков ли е во кревет?“
За среќа на многу дами имаме неколку сочни детали за манирите на Лео во кревет и многу е забавно за читање. Се чини дека (конечно) Оскаровецот е малку мрзелив меѓу чаршавите, барем според најдобрата пријателка на жената со која бил.
Се испоставило дека Леонардо е себичен љубовник. Изворот (кој звучи по малку одмаздољубиво) го рекол следното за магазинот „Стар“:
„Леонардо е себичен, мрзелив и безобразен. Пријателката ми раскажа дека за време на сексот Лео си ставил слушалки во ушите и дури си потпевнувал. Потоа и` сигнализирал да продолжи додека тој бил легнат на креветот. Жената била толку збунета од ситуацијата што само продолжила, посрамена и во надеж дека нешто ќе се промени“, раскажал изворот.
„Сепак, Лео продолжил само да лежи да слуша музика, додека неговата девојка останала да се прашува што таа добива од тоа“.