Колку пати сте слушнале предупредување дека храната, подгреана или подготвена во микробранова печка не е здрава? Како што тврдат експертите од Харвард, таквата храна сепак е здрава, но не е се` така едноставно.
Имено, иако топлината која во бранови ја грее храната не е опасна сама по себе, некоја храна ќе задржи повеќе хранливи материи доколку е загреана во обична печка.
Од друга страна, за готвење во микробранова печка посебно е погодна онаа храна која ќе задржи повеќе хранливи супстанци ако се готви пократко и со што помалку течност.
На пример, зеленчукот кој содржи многу витамин Ц подобро е да се подготвува во микробранова.
Експертите според тоа заклучуваат дека не само што не треба да се плашите од храната од микробранова, туку во одредени случаи таа може да биде и поздрава.