Лековитоста на хималајската сол одамна е позната и многумина ја користат во исхраната, но малку се знае за нејзиното благотворно дејство во просторот.
Ламба од хималајска сол е нешто што го мие просторот од негативни јони (како што тоа го прави и запалена свеќа) и енергетски го чисти просторот во кој живеете и работите, благодарение на минералите кои преку загревање на сијалицата, се пренесуваат во амбиентот.
Доколку немате ваква ламба, можете едноставно да го исчистите просторот благодарение на раствор од хималајска сол. Лажица сол се растопува во 1 дл вода и се остава преку ноќ на ормар.
Оние кои тоа го пробале велат дека после користењето на овој раствор полесно се дише во станот или работниот простор.