Денес сите знаеме каква штета си нанесуваме на нашето тело кога пушиме.
Доколку сте пушач, ризикувате да добиете рак, срцеви заболувања, инфаркт, мозочен удар…
Сепак, ако сте пушач, не е се` изгубено доколку престанете да пушите на време. Дури во првите минути после последната цигара, нашето тело започнува да се опоравува.
Прочитајте што се случува со нашето тело во минутите, часовите, месеците и годините после последната цигара:
20 минути
Притисокот и пулсот се враќаат во нормала и температурата во рацете и нозете се зголемува.
8 часа
Во крвта, никотинот и јаглерод моноксидот се намалуваат за половина. Нивото на кислород се зголемува и се враќа во нормала, што значи дека сте „будни“, спиете подобро и сте посилни.
48 часа
Јаглерод моноксидот и никотинот целосно исчезнуваат од телото. Белите дробови почнуваат да се чистат, нервите се опоравуваат и ви се враќа чувството за мирис и вкус.
3 месеци
Функцијата на белите дробови и циркулацијата значително се подобруваат. Шетањето и вежбањето станува полесно, се` помалку кашлате.
Помеѓу еден и девет месеци
Проблемите со синусите и заморот речиси исчезнуваат. Дишете многу, многу полесно и веќе не ви недостасува здив. Генерално сте поздрави.
1 година
Ризикот да добиете срцеви заболувања се намалил за 50 отсто!
5-15 години
Ризикот да добиете мозочен удар се намалил и сега е ист како и кај непушачите.
10 години
Ризикот да добиете рак се намалил и сега е ист како и кај непушачите.
15 години
Ризикот да добиете инфаркт се намалил и сега е ист како и кај непушачите.