Европскиот дијамант во кој живеат само 30 илјади среќници

popara15 април, 20161min00
21

Британците некогаш владееле речиси со цел свет, а од сите имоти кои во минатото ги вратиле „милом или силом“, останале уште неколку. Еден од нив е и Гибралтар, дијамантот на југозапад од стариот континент.

На оваа земја живеат само околу 30 илјади луѓе, а ако во неа одите како турист, нема да зажалите. Не само што ќе си играте со мајмуните кои весело скокаат околу туристите или уживате во едитин шопинг бидејќи Гибралтар е “duty – free” зона, можете да посетите разни дворци, пештери и музеи, вредни за ваше внимание и време.

До тогаш , прочитајте 10 интересни факти за Гибралтар:

1. Официјален јазик во Гибралтар е англиски.

2. На референдумот во 2002 година, 98 одсто од жителите изразиле желба Гибралтар да остане под британска сопственост.

3. Мајмуните кои веќе ги споменавме, немојте да ги храните бидејќи за тоа би можеле да платите казна од 500 фунти. Успат-пазете се од нив, бидејќи лани после средбата со нив педесет лица побарале лекарска помош.

4. На Гибралтар пред речиси 50 години во брачните води запливале Џон Ленон и Јоко Оно.

5. Дванаесет одсто од жителите на земјата работат во индустријата игри на среќа. Поради малите даноци, некои големи онлајн казини и обложувалници своите седишта ќе префрлиле токму во Гибралтар.

6. Официјална валута е британската фунта, а работите на министерствата за одбрана и надворешни работи ги извршува британската влада.

7. И покрај поврзаноста со Велика Британија, овде сепак, како и во остатокот од Европа, се вози од десната страна на улицата.

8.Гибралтар веројатно е посебен по својот аеродром. Имено, кога авионот слетува, се затвора улицата бидејќи пистата преминува преку неа. Интересно е дека ваков протокол , до пред десет години, имаше уште еден европски аеродром, оној во Задар.

9. Иако Гибралтар како британски дел спаѓа во Европската унија, за него не важат правилата на Шенгенот. Затоа некогаш е потребно да чекате со часови на границата како би влегле во земјата, а проблеми прават-шпанските цариници.

10. Денот на државноста се слави на 10 септември, кога во воздух се пуштаат 30 илјади црвени и бели балони-по еден за секој граѓанин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag