Глувци со големина на мачки пронајдени се на југот на Лондон, пренесе Индепендент.
Контролорот за санитарни прашања Деан Бур рекол дека на еден имот се пронајдени шест глодари со должина од 60 сантиметри.
Според неговите зборови, глувците се толку големи затоа што се јаделе едни со други.
– Глувците имаат обичај да јадат други глувци, што веројатно е случај и тука, па затоа толку пораснале. Тука се работи за едно цело семејство, рекол Бур.