СОСТОЈКИ
- 100 гр наполитанки (од лешник или чоколадни)
- 100 гр лешници
- 200 гр нутела
- 150 гр чоколадо за готвење (може и млечно)
- 4-5 супени лажици масло за готвење
ПОДГОТОВКА
- Распоредете ги лешниците во тава за печење, а потоа ставете ги да се печат околу 8-10 минути во загреана рерна на 180 степени.
- Извадете ги и оставете да се оладат, а потоа излупете ги и ситно исецкајте ги или издробете ги во блендер.
- Грубо искршете ги наполитанките (моето искуство вели дека најдобри и најсвежи се секогаш наполитанките на Европа) во подлабок сад, а потоа додадете ги издробените лешници и нутелата и измешајте добро.
- Од смесата вадете со една мала лажичка и со дланките обликувајте топчиња. Ако смесата ви е премногу мека, па обликувањето оди тешко, ставете го садот во фрижидер околу 30 минути да се олади, а потоа правете ги топчињата. На крајот ставете ги топчињата во фрижидер најмалку 1 час за убаво да се стврднат.
- На пареа растопете го чоколадото и додадете го маслото, а потоа секое топче потопете го во смесата и вратете го во фрижидер да се стврдне уште еднаш.
- Кога глазурата убаво ќе се олади, секе топче ставете го во украсна корпичка.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma - loodgieter den haag