Погледнете кој ќе ја глуми Цеца во нејзиниот нов спот!
31 март, 20160
Во новиот спот на Цеца Ражнатовиќ ќе се појави една интересна замена за популарната пејачка.
Станува збор за ќерката на фолк дивата, седумнаесетгодишната Анастасија која ќе се испроба во улогата на својата мајка.
Ние двете размислуваме да снимиме спот во кој јас ќе ја играм младата Цеца. Засега се уште само разменуваме идеи, разговараме за тоа. Зошто да не, нема да е лошо да се појавам во спотот. Мама вели дека ги имам нејзините очи, особено кога ќе се нашминкам. Освен очите имаме и слична коса, меѓутоа долната усна и забите ми се на тато – вели Анастасија.