Galaxy S7: Водоотпорен, поголема батерија и екран што не се гаси?

popara14 јануари, 20161min00
18

Еден од главните недостатоци на Galaxy S6, покрај одличниот и подобрен дизајн, беше недостатокот на IP67 сертификат за отпорност на вода и прашина. Иако ова значеше измачување и вадење на заштитни капачиња секој пат кога го полните телефонот, сепак корисникот е посигурен кога знае дека уредот е издржлив.

Покрај водоотпорноста, дизајнот се очекува да остане скоро идентичен на минатиот модел, повторно со 5,1 инчен екран со QuadHD резолуција и Super AMOLED технологија. Уште еден новитет е информацијата дека екранот нема да се гаси, туку ќе работи на одредено ниско ниво на осветлување за да можете секогаш да ги гледате нотификациите и останатите информации.

Финално, тука е информацијата дека батеријата на стандардниот модел ќе биде зголемена од 2,550 милиампер часови (Galaxy S6) на високи 3,000 милиапмер часови, а дополнително ќе биде оптимизирана за да издржи до два дена стандардно користење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag