Официјализирана е продажбата на најскапата куќа во Африка. Германец ја купи куќата со цена од 17,9 милиони евра.
Милионерот Дик Штреер, кој се вљубил во имотот за време на посета на пријатели во Кејптаун, ќе ја користи куќата за одмор со семејството.
Прекрасниот поглед и положбата на куќата биле пресудни за архитектите од SAOTA да го започнат луксузниот проект кој добил две престижни награди.