Ги пегла брчките, го чисти лицето: Рецепт за кремата која сите дерматолози ја употребуваат

popara15 јуни, 20161min00
6

Дали сакате да ги обновите клетките на лицето и да ја подмладите кожата со помош на целосно природни состојки? Тогаш мора да го прочитате ова!

sheabutter 4

И актерката Блејк Лајвли фаворизира правење козметички производи од вообичаените состојки во кујнскиот креденец

sheabutter 1

Уверете се дека постои ваква крема и наш совет е веднаш да ги набавите овие состојки, да ја направите и да почнете да ја користите!

Состојки:

– 10 капки етерично масло од темјан
– 30 мл гел алое вера
– 30 мл нерафиниран шеа путер
– 30 мл нерафинирано масло од кокос
– половина лажичка витамин Е

sheabutter 2

 

Подготовка: Со благо мешање стопете го шеа путерот и кокосовото масло, додајте ги другите состојки и соединете ги убаво. Чувајте ја смесата во стаклен сад.

Примена: Наутро и навечер ставајте од оваа домашна крема во пределот околу очите.

 

sheabutter 3

За љубопитните:

Шеа путерот е маст (со бела боја или со боја на слонова коска) добиена од јатките на африканското дрво шеа (vitellaria paradoxa). Тоа е триглицеридна маст што, главно, се добива од стеаринска и олеинска киселина. Во козметиката се користи како крема, маст или лосион.