Го освои светот во „Војна на ѕвездите“ а денес заврши на психијатрија

popara13 април, 20161min00
13

Џејк Лојд се прослави уште кога беше дете со  улогата на Анакин Скајвокер во филмот „Војна на ѕвездите: Фантомска закана“. Тој се повлече од актерството пред околу 10 години, а последен пат се појави на филм за 2005 година, во драмата „Медисон“, а денес води бурен живот.

Минатата година бил уапсен откако полицијата со часови го бркала низ две американски држави. Тогаш против него се поднесени пријави за несовесно возење и за возење без возачка дозвола.

Џејк Лојд е префрлен во психијатриска установа од затворот во кој ги поминал последните десет месеци. Како што пренесуваат медиумите, Лојд страда од шизофренија.  Не е познато колку долго тој трае неговото лекување.