Стејси Ламб (31) од Глазгов во Шкотска имала несреќа и во 20. недела од бременоста бебето починало во утробата. Единствено решение било да се породи, а бебето да го погребаат.
Лекарите и кажале дека носи машко дете, кое таа го нарекла Даниел, па затоа неговото име го исетовирала на раката. После пет години лекарите и кажале дека починатото бебе било девојче!
Таа не им верувала, па побарала документи од болницата, со кои се уверила дека родила ДЕВОЈЧЕ!
– На документите пишуваше „фетус на девојче“. Бев во шок. Не ми беше јасно што да правам, дали да го менувам споменикот или да изградам уште еден, – изјавила Стејси.