За жал, ова не е лажна вест која е „надувана“ за да билда кликови, туку навистина се има случено во Кина. 19 годишен татко го продал своето бебе за сума од околу 3,500 долари…
Бебето било старо 18 дена, а наводно се пазарел и за цената која ќе ја добие. Таткото сеуште бил во средно школо, додека пак мајката била под легалната возраст кога детето се родило. За да го продаде детето, таткото го користел сервисот за пораки QQ.
Според шпекулациите, странецот на кого го продал наводно барал дете за својата сестра. Во моментот, мајката и таткото се уапсени, а ја дале следната изјава:
„Во мојата населба, голем дел од децата се посвоени, а исто така голем дел од родителите ги продаваат децата бидејќи не можат да ги издржат. Навистина не знаевме дека ова е нелегално“
По продажбата, двојката си купила нови iPhone-и и мотор.