На интернет се појави снимка од несреќен маж како бега низ прозор, откако „на дело“ ги фатил сопругот на љубовницата.
Шокираните минувачи со чудење гледале додека голиот маж се спуштал низ олук, откако сопругот на неговата љубовница порано се вратил дома.
Немал време ниту да се облече, туку нашол единствено можно решение.
На снимката, која е направена во Кина, се гледа како мажот во неколку наврати запира, размислувајќи дали да се спушта или да се качува. Додека се мислел, изгубил рамнотежа и паднал на плочник.
Според извештаите на локалните медиуми, човекот го преживеал падот. Му помогнале случајни минувачи кои со неверување ја набљудувале целата ситуација, но стигнале и да снимат се` со своите мобилни телефони.
https://www.youtube.com/watch?v=ooIETvlXc_w