Хороскоп: На колку години ќе започне твојата вистинска среќа?

popara9 април, 20161min00
11

Се смета дека во животот на секој човек има период во кој се му врви по вода – работа, учење, љубов, пари… Што не значи дека и во останатото време нема да е среќен, но особено во оваа фаза тревогите и негативните емоции се сведени на минимум. Да си замислиме дека животот е еден круг поделен на четири временски сектори – детство, созревање, зрела возраст и старост. Во секој сектор има по три зодијачки знаци. И тие зодијачки знаци се чувствуваат најсреќни во периодот кој нивниот сектор го опфаќа.

Сектор 1: 0-21 година

Хороскопски знааци: Овен, Близнаци, Бик

Тие се енергични, импулсивни, често егоистични, љубопитни и нивната движечка сила е секогаш личен интерес. Исто како децата. Во периодот од 21-вата година тие треба да ја искористат максимално секоја можност. Да не се плашат да бидат себе, колку и критики да добиваат. Се што решат, можат да го постигнат со леснотија. И нека овие цели не бидат ситни, туку такви кои долго време ќе им носат дивиденди.

Сектор 2: 22-40 години

Хороскопски знаци: Рак, Лав, Девица

Комуникативни, суетни, држат до своето и се разбираат од се. Токму како еден млад човек, кој скоро ја добил својата самостојност и веќе се чувствува “голем човек”. Тие имаат 2 двигатели – желба да се потисне другиот и интересите на семејството и пријателите. Во периодот од 21-40 години, овие знаци ќе се чувствуваат вистински почитувани и сакани. Од нив зависи колку ќе имаат корист од тоа. Во принцип не се фанови на големите цели, но вистина е дека дури ни тие нема да и се спротивстават на “среќната фаза”.

Сектор 3: 41-53

Хороскопски знаци: Вага, Шкорпија, Стрелец

Фер, може да им се верува, гледаат на поинаков начин на животот. Но исто така се и малку арогантни со постојана желба да те водат и да те учат лекции за животот. Исто како еден веќе зрел човек, кој видел и научил многу. Нивната движечка сила е реализација на амбициите. Во периодот од 41-вата до 53-тата година тие ќе чувствуваат хармонија со себе. Тоа е фаза на блаженство, нови хоризонти и исполнување на емоции.

Сектор 4: 54 години – длабока старост

Хороскопски знаци: Јарец, Водолија, Риби

Мудри, често вознемиени за нешто, понекогаш сочувствителни, понекогаш апсолутно груби. Исто како возрасен човек кој видел се, испитал се и знае како да се однесува во дадена ситуација. Движечката сила на овие знаци е спроведување на колективните цели. Ставете ги во тим, дајте им задача и само за неколку часови тие ќе се полни со таленти и идеи. По навршувањето на 54 години, ги чекаат многу успеси, многу задоволство и доволно слободно време, кое ќе го посветат на себе и своите најблиски. Ако воопшто постои нешто како “блажена старост”, тогаш таа е резервирана токму за овие 3 хороскопски знаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag