Хороскопот ви открива кои жени се склони кон неверство

popara6 јули, 20161min00
4

Сите ние грешиме, но мора да признаеме дека некои жени се помалку верни од машките претставници на нивниот хороскопски знак кога станува збор за љубовта.

Еве кои се 3-те неверни дами во хороскопот:

1. Овен

Жената Овен ретко останува верна, освен ако некој партнер навистина не ја освои целосно. Без разлика колку е заљубена, во нејзиното срце секогаш има место за некое „парче“ од страна. Од една страна, таа не може да функционира ако не е заљубена, а од друга, секој љубовник брзо ѝ здосадува. Љуби страсно и секој ден го живее како да ѝ е последен. Тоа воедно е и нејзино животно мото.

Оваа жена е машка жена т.е. таа е роден ловец. Флертување и бакнување е она во што е најдобра. Тоа ѝ доаѓа како некакво хоби. Кога мажот ќе падне пред нејзините колена, таа едноставно го гази и продолжува со потрагата по поголем предизвик затоа што во душата е голем авантурист.

2. Близнаци

За неа секс-авантурите се начин на живот. Неверојатно е со која леснотија оваа „мачка“ скока од маж на маж, без притоа да се умори. Претпладне се препушта на дивите страсти со мистериозен странец, а попладне бара топло рамо и утеха кај својот маж. И во сето тоа таа се дава себеси потполно.

Таа има најмалку две лица и две души, па зошто тогаш не би имала и два типа… или повеќе?! Еден за груба игра, друг за нежно водење љубов, трет за разговор, четврт кој мисли дека ја има најсмирената жена во светот… и сите се среќни. Никој досега не дознал колку љубвовници имала жената Близнак, а веројатно и никогаш нема да се дознае.

3. Риби

Оваа жена е вистинска робинка на љубовта. За неа, сексот е повеќе од физичко искуство, тоа е вид на медитација и екстаза измешано во едно. Секогаш му го дава целото срце и секој дел од телото на мажот. Кај неа нема забранети зони, сѐ што е пред очи смее да се проба.

Меѓутоа, нејзиното срце е превртливо и за миг,  исто онака како што се запалила, умее потполно да се олади. Тогаш веќе со крајчето од окото мерка друга можност и на неа се препушта како да ѝ е прв пат и како пред него никогаш да не љубела.

Таа не знае што е граѓански морал и не ги разбира сексуалните ограничувања кои друштвото ѝ ги поставува. Од сите неверници, Рибата е најискрена во своите грешки. Таа е љубопитно дете во тело на богиња на сладострастие. Затоа не ги разбира сите тие забрани. Сите нејзини врски и поврзаности се длабоко страсни, комплицирани и неверојатно искрени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag