Хороскопските знаци и љубомората: На што ви љубоморат луѓето врз основа на зодијакот?

popara29 февруари, 20161min00
19

Љубомората е сосема нормална емоција која скоро сите поразвиени суштества ја чувствуваат. Кучињата се љубоморни, мачките се љубоморни и секако луѓето. Што мислите каква е поврзаноста меѓу хороскопските знаци и љубомората?

На што ви љубоморат луѓето врз основа на зодијакот?

Овен

„Netflix and chill“ е нешто што никогаш нема да го искусите со енергичниот Овен. Тие се забавни, авантуристичкиот дух им ги полни градите и секогаш се подготвени да испробаат нешто ново. Тие ја имаат енергијата која многу од нас ја посакуваат и шарм кој им помага да ги освојат луѓето – особено оние новите лица.


Бик

Биковите не се заморуваат со ничие мислење. Многу од луѓето го велат ова, но ретко кој го мисли. Останатите најмногу им завидуваат на Биковите поради нивниот личен идентитет и поради тоа што го прават токму она што сакаат без да чекаат одобрение од општеството.


Близнаци

Вие имате енергетски шарм кој ги тера луѓето да ви веруваат. Вие сте весели и креативни и за разлика од другите типови на креативни луѓе, вие знаете како да ги продадете вашите идеи за да можете да преживеете.


Рак

Најголема причина за љубомора кон Раковите е нивниот капацитет за љубов. Никој нема да ве сака толку длабоко и толку целосно како што може Ракот. Од нив најмногу се плашат бившите партнери кои потајно знаат дека нивниот бивш/а е посреќен/а и поздрав/а со партнер во знакот Рак.


Лав

Успешноста на Лавот и неговите признанија постојат само затоа што тој ги бара. На нивни многу суптилен начин тие јасно кажуваат дека никој не смее ни да се обиде да ги згази, нити пак нивната напорна работа и труд да помине незабележана.


Девица

Девиците се експерти во решавање проблеми – никој не може да се снајде како што можат тие, а тоа е нешто што секој го сака. Токму поради оваа причина тие се барани како пријатели, вработени и дури романтични партнери.

Вага

Вагата е социјално суштество кое обожава да се дружи и е одличен пријател – а тоа е главната причина за љубомора.  Нивната социјална природа е совршена – доволно шармантна за да има голем број пријатели, но и доволно грациозна за секој од нив да се чувствува сакано.


Скорпија

Вие сте борбени и страсни и никој не може да ве опише како пасивни. Сите останати посакуваат да го имаат вашиот елан. Дури кога се грижат за нешто, тие ја немаат вашата огромна енергија и фокус.


Стрелец

Она на што најмногу им завидуваат на Стрелците е нивната смисла за хумор. Тие имаат можност да бидат непристојни, но сепак никој да не им замери. Сите им љубомориме на Стрелците поради нивната моќ да направат да нѐ боли стомакот од смеење.


Јарец

Јарците се стоици и се силни. Им љубомориме поради нивната способност да бидат гледани како идиоти или како ѓаволчиња. Ова звучи како негативна карактеристика, но тоа е дарба – Јарецот никогаш не си оди во кревет без да го добие тоа што го сака. Тие секогаш го имаат она што го посакуваат затоа што го бараат.


Водолија

Водолиите имаат големо срце кое го делат со сите, дури и со луѓето надвор од нивниот круг на пријатели. Тие гласаат, тие волонтираат, тие стануваат вегани, тие искрено премногу се грижат – многу повеќе него останатите луѓе, а тоа е за пофалба.


Риби

Рибите имаат креативен ум кој ќе се помни со генерации. Тие се вистински уметници и дури ако поради нивната тивка и повлечена природа не бидат веднаш забележани, порано или подоцна луѓето околу нив ќе бидат восхитени од тоа како им функционира мозокот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag