Една од најубавите и најсексапилните блондинки коишто сме имале прилика да ги запознаеме преку филмското платно, е веќе во седмата деценија од својот живот.
Но, оние коишто не знаат дека зад порцеланскиот тен и шармантниот лик се крие популарната актерка Ким Бесинџер (62) – и коишто не знаат колку години има таа – со сигурност би кажале дека се работи за некоја 40-годишна жена.
Токму така, оваа сопственичка на Оскар, којашто се наоѓа и на 12-то место на листата на Плејбој, помеѓу најсексапилните жени на 20-от век, навистина одлично си ги носи годините.
A таа на светските магазини и им ги откри своите тајни за младешки изглед, и според неа, клучни се токму овие пет ставки:
1. Никогаш и никаде не ја изложувајте својата кожа на сонце.
2. Не јадете месо. Никакво. Никогаш!
3. Наутро не се мијте бидејќи кожата во текот на ноќта произведува колаген.
4. Барем еднаш неделно правете пилинг со морска сол.
5. Шминкајте се, но умерено – така да другите не ја забележат шминката на вашето лице. Помалку, често значи повеќе!