Исклучително актуелна модна тенденција во ладните денови е кожата. Сепак едно од основните правила за нас жените е да изгледаме беспрекорно добро без оглед на сезоната и времето. Затоа е добро да бидеме во чекор со модата и да ги следиме главните модни идеи со кои ќе внесеме нешто ново во нашиот стил.
Дизајнерите покажуваат многу кожа – од јакни со капси до елегантни фустани, здолништа и панталони.
Ретростилистиката во оваа сезона го наоѓа своето совршено олицетворение на еден спектакуларен елемент – кожената облека.