
Според едно истражување интелигентните луѓе чувствуваат потреба од помал број другари за да би биле среќни.
Во едно заедничко спроведено истражување од страна на London School of Economics во Велика Британија и Универзитетот за менаџмент во Сингапур беше барано одговор на прашањето „Што е тоа кое животот го прави подобар за живеење за луѓето?“
Во склопот на истражувањето беше разговарано со 15 илјади лица од 18 до 28 годишна возраст.
Истражувањето чии резултати беа објавени во психолошкото списание „British Journal of Psychology“ изнесе две значајни наоди.
Според тоа луѓето кои живеат во региони со мала густина на населеност стануваат посреќни во споредба со оние кои живеат во густи населени места.
Истовремено со зголемување на социјалните односи некои луѓе себе си се чувствуваат посреќни.
Меѓутоа спроведеното истражување става до знаење дека оваа состојба во социјалните односи не важи особено за интелигентните луѓе.
Интелигентните луѓе чувствуваат потреба од помал број другари за да би биле среќни.
Установено е дека спротивно на интелигентните луѓе оние со низок IQ себе си се чувствуваат посреќни во гужва.