Овој месец се очекува Apple да го презентира новиот iPhone SE, кој ќе поседува 4 инчен екран и ќе биде најефтиниот телефон на компанијата досега. Да погледнеме како би изгледал…
Станува збор за уред кој би бил мала копија на iPhone 6s, а целта е да се намали цената, но и да се промовира покомпактен телефон. Со тоа, Apple би нудел телефони со 4 инчен, 4,7 инчен и 5,5 инчен екран – доволно за сечиј вкус.
Телефонот би добил 12 мегапикселна камера, како и Apple A8 процесор, поточно истиот што беше вграден во iPhone 6. Цената засега е непозната, но се претпоставува дека ќе биде под 400 долари.
Ова се трите шпекулирани верзии, а како ќе изгледа крајниот производ сеуште не се знае.