Исламската држава ги подготвува своите приврзаници за пад на „калифатот“

popara14 јули, 20161min00
5

Екстремната сунитската организација Исламска држава почнала да ги подготвува своите следбеници за пад на „калифатот“ кој го прогласи пред две години, пишува The Washington Post.

Џихадистичката организација Исламска држава, откако во 2014 година се отцепи од Ал Каеда етаблирајќи се како најмоќна сила на сирискиот боиште, со ненадејна офанзива на почетокот истата година зазема голем и територии во Сирија и во Ирак, на кои го прогласи својот „калифат“ во кој се обиде да воспостави вистинска државна управа според нејзините ригидни сфаќања на исламот.

„Во објавените соопштенија и во своите последни активности во Сирија, лидерите на групата даваат на знаење дека ги губат позициите на бојното поле, а исто така ја разгледуваат можноста да ги загубат постојните упоришта“, пишува весникот.

Истовремено челниците на Исламската држава инсистираат на тоа дека нема да отстапат од своите цели, и покај тоа што терористичките борци се обидуваат да бидат незабележани. Американските експерти за борба против тероризмот сметаат дека нападите во Истанбул и Багдад последните месеци биле резултат на „одговорот на военото престројување во Ирак и во Сирија“.

Како што пишува натаму The Washington Post повикувајќи се на аналитичари, слични терористички напади, веројатно, ќе продолжат па дури и ќе бидат засилени, како што групата од „квазидржавата на окупираните територии ќе стане потајна и ќе ја дифузира мрежата со единици и ќелии на најмалку три континента“.

Во неделата организацијата Information Handling Services (IHS) објави дека џихадистичката групација Исламска држава (IS) во последните 18 месеци загубила четвртина од териториите кои ги зазема во Ирак и Сирија во летото 2014 година, или загубената област одговара на пространството што го зафаќа Ирска.

Така, територијата под контрола на радикалните џихадисти се намалила од јануари 2015 година на кој прогласија свој „калифат“ од 90.800 на 68.300 квадратни километри.

Тоа довело до засилување на нападите врз цивилните цели на Блискиот исток и во Европа, коишто најверојатно ќе се интензивираат, наведуваат од IHS, компанија којашто дава информации за глобалната политика и безбедноста, чиешто седите е во американски Колорадо.

„Како што територијата на Исламската држава се намалува, станува јасно дека државотворниот проект слабее и дека групата се фокусира на бунт. Резултат на тоа е што очекуваме зголемува на масовните напади и саботажи на економските инфраструктури ширум Ирак и Сирија, како и во Европа“, вели Коламб Старк од HIS.

Како поткрепа на ваквите предвидувања, може да се земе реакцијата на Исламската држава откако минатиот месец беше протерана од стратешкиот ирачки град Фалуџа, 50 километри западно од престолнината Багдад, што доведе во пораст на нападите врз шиитските муслимани во Ирак. Така, по повеќето терористички напади со десетици мртви, пред една седмица непосредно пред почетокот на тридневната прослава на рамазанскиот бајрам, во експлозија на автомобил бомба во шиитски кварт во Багдад се убиени најмалку 292 луѓе./извор:Макфакс

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag